ПАО стана шампион, навивачите на Олимпијакос направија хаос (видео)

Панатинаикос приреди огромно изненадување успевајќи да се закити со титулата во грчкиот шампионат, откако „зелените“ славеа во мајсторката на гостински терен против Олипијакос со убедливи 51-66.

„Црвено-белите“ фанови не го прифатија поразот, па приредија бројни инциденти, поради што судиите пред крајот дури и го прекинаа мечот, па истиот беше довршен дури откако трибините беа испразнети.

Погледнете дел од немилите сцени на мајсторката од грчкиот кошаркарски шампионат.

Се вчитува...