Италијанската тенисерка Јасмин Паолини се пласираше во финалето на Вимблдон откако по три сета ја совлада Дона Векиќ (6:2, 4:6, 7:6).
Седмата тенисерка во светот по два часа и 54 минути се пласираше во финалето на овој Грен слем, што е најдолго полуфинале во историјата на Вимблдон.
Паолини на тој начин се квалификуваше за нејзиното прво финале на Вимблдон, што е второ последователно финале на Грен слем по мечот за титулата на Ролан Гарос. Со тоа стана првата тенисерка која по 2016 година играла во финалето на Грен слем турнирите во Париз и Лондон.
Од друга страна, Дона Векиќ не успеа да направи уште еден чекор и да се пласира во финалето на третиот Грен слем сезонава, па Хрватска остана на една титула во женска конкуренција од 1997 година, кога Ива Мајоли го освои Отвореното првенство на Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА