Со пари не се мериме…Со срце ќе парираме: Саул Нигез вреди шест пати повеќе од цел тим на Македонија

Вредноста на парите значи многу во светот на парите, но не е секогаш и пресудна. Со вакво мото младата фудбалска репрезентација на Македонија ќе истрча вечерва (20.45 часот) во Гдиња на мегдан против силната селекција на Шпанија. Затоа што, според „Трансфермаркт“, Шпанија е за повеќе од 250 милиони евра повредна селекција од Македонија, според пазарната вредност на фудбалерите кои ќе настапат на Европското првенство до 21 година во Полска.

Брутално е да се споредува, дека фудбалерот со најголема вредност во репрезентацијата на Шпанија, играчот за врска на Атлетико Мадрид, Саул Нигез (40 милиони евра), самиот вреди речиси шест пати повеќе од целата репрезентација на Македонија (7,7 милиони евра).

Но, не е се во парите, дури и во фудбалот. На теренот игра и срцето, игра и карактерот, игра и гордоста кога се носи дресот на својата држава.

Јасно е дека во репрезентацијата на Шпанија има фудбалери со фантастична пазарна вредност. Хектор Белерин и Инаки Вилијамс вредат околу 25 милиони евра, а Марко Асенсио околу 20 милиони евра.

Се вчитува...