Париз ја претстави кандидатурата за ОИ 2024

Градот на светлината е еден од кандидатите за домаќин на Олимписките игри во 2024 година. Французите ја претставија кандидатурата на Париз, помалку невообичаено за нив, официјалниот слоган што беше откриен на Ајфеловата кула е на англиски јазик – „Made for Sharing“ (создадено да делиме)

Англискиот слоган е намерно одбран за да му даде универзален карактер на францускиот проект.

Сакаме да ја делиме страста за Игрите прославувајќи на стадионите и на улиците“ – изјави потпретседателот на кампањата Париз 2024, Тони Естанге.

Покрај Париз, кандидати за домаќини на Летните олимписки игри во 2024 година се Лос Анџелес и Будимпешта, а одлуката во кој од овие три града ќе се одржи најголемото спортско натпреварување, ќе биде донесена на 13 септември.

Се вчитува...