Пародија на годината во изведба на ѕвездите на Галатасарај: Икарди сакаше да биде паметен, а испадна смешен (ВИДЕО)

Пародија на годината во изведба на ѕвездите на Галатасарај на гостувањето против Истанбулспор во шампионатот на Турција.

Фудбалерите на Галата долго се бореа да дојдат до убава шанса за гол, и на крај во 37. минута Мауро Икарди се избори за пенал.

Но, на изненадување на многумина да го изведе се подготви Карем Актуркоглу. Сепак, беше тоа лукав план на гостите, па 24-годишниот Турчин само кратко ја турна топката од белата точка, Икарди натрча и – промаши! Иако пред себе имаше празен гол, Аргентинецот успеа да шутира покрај десниот дирек од голот на домашните.

Интересно, сепак, Галатасарај успеа да дојде до предност од 0-1 пред полувремето и тоа токму со голот на Икарди во 42. минута, а на асистенција, пак, на Актуркоглу.

Се вчитува...