Мелсунген е новиот освојувач на ЕХФ Лигата на Европа откако овој бундеслигаш предводен од Роберто Гарсија Парондо славеше во финалето против Кил со миниимални 24-23. Тимот што сезонава два пати загуби од Вардар во ЕХФ Лигата на Европа на крајот се искачи на тронот, по двете одлични партии и елиминациите на големите германски ривали Фленсбург и Кил.
За разлика од полуфиналните пресметки што ги одбележа ефикасен напад, овојпат одбраната беше клучен фактор, Парондо маестрално ги затвори приодите, додека на голот на Мелсунген блескаше Симиќ. Токму црногорскиот голман со серијата неверојатни одбрани беше најзаслужен што Мелсунген имаше минимално водство пред крајот.
Кил сепак успеа да израмни на помалку од минута до крајот, а по тајмаутот на Парондо следеше маестрална акција на крило и реализација на Давид Мандиќ, за конечните 24-23.
Фленсбург го освои третото место на завршниот турнир што се одржуваше во Хамбург, откако во „малото финале““ славеше над Монпелје со 32-30.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
