Парондо и Чупиќ едногласни: Тешко беше без Борозан…

Роберто Гарсија Парондо го претрпе првиот пораз во ЛШ како тренер на Вардар, а на шпанскиот стратег по мечот во Полска не му преостана ништо друго освен да му честита на противникот за подобрата игра.

„Честитки до Кјелце, кој играше подобро од нас и победи. Не можеме да бидеме задоволни од она што го прикажавме, но уште на почетокот загубивме важен играч. Тешко беше без Борозан бидејќи немаме преголем ростер и не можевме да го издржиме темпото низ целиот натпревар. Ова не беше нашето најдобро издание, знам дека можеме да играме многу подобро“ – истакна Парондо.

Сличен беше ставот и на Иван Чупиќ, кој токму од Кјелце му се приклучи на Вардар.

„Секогаш е тешко да се игра во оваа сала бидејќи Кјелце е многу добар тим. Салата беше полна, како и секогаш, атмосферата одлична… еден од нашите важни играчи беше болен, другиот доби црвен картон, со што задачата стана уште потешка за нас. Се боревме низ целиот натпревар, ја сменивме и одбраната во 5-1, но Кјелце заслужено славеше денеска. Честитки за полскиот тим, нам ни останува да се прикажеме во подобро светло на наредниот натпревар“ – изјави Чупиќ.

Се вчитува...