Парондо и Криштопанс преку Фленсбург до финале во Лигата на Европа

Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо и поранешниот ракометар на двократниот европски шампион Даинис Кристопанс се пласираа во финалето на Лигата на Европа откако на Ф4 турнирот во германското дерби со нивниот Мелсунген славеа над Фленсбург со 37-30.

Првото полувреме помина во егал игра на двете страни, а по 30 минути игра Мелсунген имаше позитива од само еден гол 15-14. Избраниците на Парондо, предводени од Кристопанс одиграа неверојатен втор дел и на крајот стигнаа до заслужен триумф од 37-30. Токму Даинис Кристопанс со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа осумте гола на Симон Питлик.

Во финалето Мелсунген ќе има нов бундеслигаш за противник во името на Кил.

Се вчитува...