Во таборот на ПСЖ не се најзадоволни од игрите и резултатите на овој тим во Лигата на Шампионите оваа сезона, па сериозно размислуваат за нова тренерска смена во текот на летово.
Според информациите од Франција, прв пик на „светците“ е поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, кој во наредниот период би требало да потпише двогодишен договор со овој клуб.
Парондо е стратегот со кого Вардар ја освои втората европска круна во историјата, а интересно е што и првиот шампионски стратег на „црвено-црните“, Раул Гонзалес исто така седеше на клупата на ПСЖ, но не успеа да ја реализира зацртаната цел – да го одведе овој тим до врвот на ракометна Европа.
Раул во меѓувреме си замина од клуб, веќе го договори својот следен ангажман како тренер на белградски Партизан, додека Парондо со успех го води бундеслигашот Мелсунген. Останува да се види дали најавите од Франција ќе се реализираат и Парондо повторно ќе води тим во Лигата на Шампионите, по фантастичниот успех што го забележа како предводник на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

