Парондо: Многу е тешко да се запре Монпелје, ние успеавме

Стратегот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, има причина да биде задоволен од извонредниот настап на својот тим, откако во првото коло од ЛШ на гостински терен беше земен скалпот на актуелниот европски првак Монпелје.

„Многу сум горд на моите играчи. Многу е тешко да се запре Монпелје, но ние успеавме во тоа. Дојдовме во оваа сала и победивме, мораме да бидеме задоволни“ – изјави Парондо веднаш по големиот триумф.

Еден од најдобрите во таборот на „вардарци“ беше Сташ Скубе, кој одлично раководеше со играта на македонскиот првак.

„Се браневме многу добро, голманот исто така имаше извонреден натпревар. Ова е ЛШ, не е лесно да се игра со толку нови играчи, но успеавме да славиме против еден од најдобрите тимови во Европа“ – прокоментира Скубе.

Се вчитува...