Парондо: Не сме комплетни, но одиме на нова победа против Металург

Новата СЕХА сезона традиционално почнува со дуел меѓу Вардар и Металург. В среда, во „Јане Сандански“, со почеток во 20.45 часот, „црвено-црните“ ќе го пречекаат градскиот ривал.

Новиот тренер Роберто Гарсија Парондо вели дека вардарци се соочуваат со повреди, но очекува добро издание и нов триумф над Металург.

„Стартуваме во СЕХА лигата со натпреварот против Металург. Имаме проблеми со неколку ракометари. Играме повторно со тим кој е наш стар ривал. Не сме во најдобар момент бидејќи не сме комплетни, но нашата стратегија е на секој натпревар да одиме на победа. Одигравме добра средба со Металург во Струга во Супер купот. Сега ситуацијата е поинаква и ова е сосема друг натпревар. Го почитуваме противникот и го респектираме, но нашата цел ќе биде да одиме на победа на секој натпревар”, изјави Парондо.

Се вчитува...