Парондо: Покажавме квалитет, сепак, ни недостасуваат уште неколку ракометари

Вардар го освои Супер купот и првиот трофеј пред стартот на новата сезона, а Шпанецот Роберто Гарсија Парондо првото признание како главен тренер на клупата на „црвено-црните“. Супер купот кој прв пат годинава се одржа на теренот на отворено во Струга, а победата на Вардар против главниот ривал Металург (33-24) најави уште една доминантна сезона на „црвено-црните“ на домашна сцена и покрај промените во ростерот.

„Игравме во еден поразличен амбиент од вообичаеното, на поинаква подлога. На отворено и ризикот е поголем. Игравме повнимателно, тоа можеше да се забележи. Но, влеговме во ритам и го покажавме квалитетот што го имаме, иако ни недостасуваат неколку играчи што се повредени и ни фали уште еден голман“- изјави Парондо по освојувањето на трофејот во македонскиот Супер куп.

Вардар и Металург повторно ќе излезат на мегдан за десет дена во првиот натпревар во регионалната СЕХА лига што ќе се одигра на 29 август во СЦ „Борис Трајковски“

Фото: РК Вардар

Се вчитува...