Парондо: Се што побарав од играчите – тие исполнија!

Роберто Гарсија Парондо ја продолжува својата бајка на стартот од авантурата како стратег на Вардар откако и во третиот меч стигна до победа, и тоа на тешкото гостување во Веспрем. Скромен како и секогаш, шпанскиот стручњак комплиментите за триумфот ги насочи кон своите ракометари.

„Пресреќен сум по оваа победа, знаеме колку е силен Веспрем и колку е тешко да се победи овде. Имаме многу повредени играчи, немаме долга клуппа како лани, но повторно покажавме карактер и јавно им се заблагодарувам на моите ракометари за тоа. Дел од нив настапија и повредени, но се што побарав од нив, тие исполнија“ – изјави Парондо по големиот триумф во Унгарија.

Задоволен од кајлниот исход беше и хрватскиот интернационалец Игор Карачиќ.

„Игравме со Веспрем околу десет пати во изминатите три години, знаеме колку е тешко да се слави против нив. Затоа сум многу среќен и горд на мојот тим. Исто така, честитки за Веспрем за фер-борбата, нешто што секогаш го краси овој клуб“ – истакна Карачиќ.

Се вчитува...