Парондо: Со вакви грешки не се победува тим како Барселона

Роберто Гарсија Парондо целосно ја загуби тактичката битка со Чави Пасквал, шпанскиот стратег немаше одговор за одличната одбрана на Барселона, што резултираше со прв домашен пораз на Вардар во Лигата на шампионите.

„Противникот одигра многу добро, а ние не бевме на потребното ниво. Многу грешевме, промашивме чисти шутеви, а со вакви грешки не се победува против големи клубови како Барселона. Благодарност до публиката што ни даде голема поддршка, но за жал не успеавме да стигнеме до победа. Има уште многу за играње, се надевам дека следниот викенд во Барселона ќе бидеме многу подобри“ – изјави Парондо веднаш по натпреварот.

Се вчитува...