Партизан ангажираше репрезентативец на Сенегал

Партизан и официјално го ангажираше довчерашниот фудбалер на белгиски Серкл Бриж, сенегалскиот репрезентативец Френк Кануте.

Кануте, кој е фудбалер за врска, изминатата сезона ја мина на позајмица во француски Сошо, а бидејќи не сакаше да се враќа во Белгија лесно се договори со „црно-белите“ за тригодишна соработка. Кануте во Партизан доаѓа како директна замена за Траоре и Љубомир Фејса со кои клубот ја заврши соработката.

24-годишниот Кануте ги минал сите младински селекции на Јувентус, а потоа играл за Пескара, Асколи, Козенца, Серкл Бриж и Сошо. За селекцијата на Сенегал има два настапи во Купот на афричките нации.

Се вчитува...