Партизан бара преигрување: Берон ја донесе титулата со „трочекор“ (видео)

Српското финале во плејофот не може да мине без драми и поплаки, па Партизан не се појави на свеченото доделување на трофејот на Црвена звезда. И не само тоа, туку „црно-белите“ поднесоа и официјален приговор за конечниот исход, барајќи натпреварот да се преигра. Причина се последните поени на Били Берон, откако на повторената снимка се гледа дека асот на Црвена звезда направи три чекори за експресно да ги мине Јанковиќ.

Тоа не беше забележано од судиите, Берон веднаш по поените истрча кон соблекувалната, а мечот беше прогласен за завршен.

Без оглед на големиот судиски превид, јасно е дека не постојат услови за преигрување на натпреварот, па се очекува Комесарот за натпреварување во текот на утрешниот ден и официјално да ја одбие жалбата и само да ја потврди Црвена Звезда како старо-нов првак на нашиот северен сосед.

Се вчитува...