Партизан до втор триумф над Будуќност во финалето на АБА

Кошаркарите на Партизан остварија нова победа над Будуќност и поведоа со 2-1 во финалната серија на АБА кошаркарската лига. Вечерва “црвено-белите“ на домашен терен пред преполни трибини убедливо го поразија својот противник со 83-67.

Партизан во текот на целиот меч беше убедлив, а во голема мера ја заврши работата по првиот дел, кога се стекна со предност од 49-37 (24-19 и 25-18). Во третиот период Будуќност се обиде да се врати, и го доби со 22-18, но во последниот период црногорскиот тим не беше на нивото во нападот, и немаше никакви шанси да се врати и да направи пресврт и изненадување.

Тимската игра на Партизан го донесе триумфот, со оглед дека Џонс и Лундберг имаа по 14 поени, Браун имаше 13. Најефикасниот кошаркар дојде од редовите на Будуќност, односно Сулаимон кој постигна 20 поени.

Сега Партизан се наоѓа на една победа до трофејот, а тоа може да го оствари веќе за два дена кога мечот се игра одново во Белград.

Се вчитува...