Игор Дуљај ќе го предводи Партизан на 169. вечно дерби во српскиот фудбал, пренесуваат српските медиуми. Поранешниот фудбалер на „црно-белите“ доаѓа на местото на Горан Петриќ кој заминува по елиминацијата од Шериф во Конференциската лига и ремито со Раднички во домашното првенство.
И покрај тоа што првичната отставка на Петриќ не беше прифатена од раководството на белградскиот тим и се очекуваше да остане на клупата за престојниот предизвик против Црвена Звезда, Петриќ заминува, а дебито на Дуљај ќе биде токму во натпреварот од огромно значење.
Дуљај ќе биде третиот тренер на Партизан оваа сезона. Како потсетување, истата на „жешкото столче“ ја започна Илија Столица.
🆕 Ekipu @FKPartizanBG će kao trener predvoditi Igor Duljaj! Debi će imati u petak na Večitom derbiju koji gledamo od 19:00h na Areni Premium 1! pic.twitter.com/A2lDq31hsF
— Arena Sport TV (@arenasport_tv) February 27, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА