Крилниот центар Самардо Семјуелс (28) кој во својата кариера настапуваше за Барселона и за Армани Милано, ќе биде ново засилување на српскиот кошаркарски клуб Партизан. По лошиот старт на сезоната, раководството на клубот реагираше и успеа да се договори со Семјуелс, кој последен пат го носеше дресот на италијанскиот Бриндизи. Тој има искуство и од НБА-лигата. На почетокот од кариерата беше дел од Кливленд кавалирс.
Кошаркарот кој доаѓа од Јамајка, и самиот потврдил дека негова следна дестинација ќе биде српскиот клуб Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА