Партизан доминантно го освои Суперкупот на АБА

Кошаркарите на Партизан доминантно го освоија трофејот во Суперкупот во АБА – лигата, откако во финалето во Загреб ја совладаа Цедевита Олимпија со 99-77. По израмнетиот прв период, „црно-белите“ ја добија втората четвртина со 35-24, обезбедија завидна предност, а потоа и знаеја да ја сочуваат до самиот крај.

Најефикасен во победничкиот тим беше Огнен Јарамаз со 20 поени, Волден и Томас уфрлија по 13, а двоцифрени беа и Гордиќ и Пејнерс. Кај Олимпија, Блажич постигна 18 поени, а Боатрајт го заврши мечот со 15 поени. За МВП – играч беше прогласен Рашон Томас.

Се вчитува...