Партизан донесе одлука околу иднината на Пењароја

Без оглед на исходот од финалната серија од плејофот на АБА лигата, Џоан Пењароjа ќе остане на чело на Партизан.

Информацијата ја пренесе српски „Моцарт Спорт“ и наведе дека соработката меѓу Каталонецот и црно-белите ќе биде продолжена до 2028 година.

Престојот на Пењароја во Белград е негов прв ангажман надвор од шпанското првенство во неговата кариера. Тој пристигна во Партизан во многу деликатен момент, по оставката што ја понуди Жељко Обрадовиќ.

По многу лошите резултати на почетокот на периодот во Партизан и одредени кадровски промени, Партизан играше многу подобро под водство на Пењароја и го заврши натпреварувањето во Евролигата со 7-2.

Се вчитува...