Партизан е спасен од суспензија: Цела Србија „бруи“ за потегот на Фудбалскиот сојуз

Фудбалскиот клуб Партизан пред само неколку денови доби забрана за доведување играчи во следните три преодни рока. Белградскиот клуб беше суспендиран поради долг од 250.000 евра кон швајцарски Лугано за трансферот на Филип Холендер.

Партизан тогаш доби рок од 20 дена да го исплати долгот со закана дека ќе биде исфрлен од сите европски натпреварувања.

Но, „црно-белите“ беа спасени од Зоран Лаковиќ, поранешниот генерален директор на ФС Србија, а актуелен директор на УЕФА, па Партизан доби дополнителни 24 часа се да се заврши. Сега во пресрет на Партизан излезе Фудбалскиот сојуз на Србија позајмувајќи му 250.000 евра и проблемите околу трансферот се решени. Па, Партизан ја избегна суспензијата и во следните сезони ќе игра на европската сцена, без забрана за реализација на трансфери.

Се вчитува...