Партизан експресно ја најде замената за Вилис

Партизан триумфираше убедливо над Милано на стартот на Евролигата, но овој дуел се покажа кобен за Вилис, кој ќе мора да пропушти најмалку четири седмици и  неколку важни натпревари на белградските „црно-бели“.

Пењароја е цврсто решен да не го користи Џабари Паркер во тимот, а последните информации говорат дека Партизан веќе ја нашол и замената за повредениот Американец. Станува збор за францускиот ветеран Банџа Си, кој од самиот почеток на подготовките тренира токму со белградските „црно-бели“.

Си покажал доволно за да го убеди Пењароја дека може да му биде од помош на Партизан, уште повеќе во ситуација кога Вилис ќе отсуствува подолг период.

Доколку овој трансфер се реализира, ова ќе биде камбек на Банџа Си во Партизан, каде тој настапуваше во сезоната 2018/2019. Ако Си потпише во следните 24 часа, тој ќе има право на настап веќе во вторник, а дебито за Партизан ќе го има против својот поранешен клуб Париз во рамките од второто коло од Евролигата.

Се вчитува...