Партизан се надеваше дека ќе успее да го доведе Лони Вокер од Макаби кко суперѕвезда во тимот за наредната сезона, но и овој план на „црно-белите“ се изјалови.
Вокер имаше на маса неколку понуди од кои Партизан и Реал важеа за најзагреани за неговиот потпис, но одличниот поентер на крајот сепак се реши да си замине од Европа и да се врати назад во НБА-лигата, и тоа како соиграч на Никола Јокиќ во тимот на Денвер.
Вокер ја прифати понудата за едногодишен договор за ветерански минимум од 3,3 милиони долари, со надеж дека ќе се наметне и потоа ќе се избори за подолг договор во најсилната лига во светот.
Одличниот бек во Евролигата ги бранеше боите на Жалгирис и на Макаби, бележејќи просек од 14,6 поени и 2,1 асистенција по натпревар. Тој е второто евролигашко засилување за Денвер откако нагетси го потпишаа и Алфа Диало од Монако.
Вокер би требало да биде замена во тимот на Денвер за Тим Хардавеј, кој кариерата ја продолжи во дресот на Мајами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
