Партизан го доведе засилувањето од НБА-лигата

Партизан утрово оицијализираше уште еден трансфер откако „црно-белите“ од Белград потпишаа договор со порториканскиот репрезентативец Итан Томпсон.

Поранешниот првак на АБА-лигата ги имаше договорено условите со овој одличен шутер, но се чекаше тој да добие раскин на договорот со Индијана пејсерс, тим чиј дрес со успех го носеше во вториот дел од ланската сезона.

Штом и тој услов беше исполнет, Томпсон го стави својот потпис на договорот со Партизан и следната седмица ќе пристигне во Белград и ќе му се стави на располагање на тренерот Пењароја..

„Итан Томпсон е нов кошаркар на Партизан. Американскиот бек кој настапува за репрезентацијата на Порторико е осмото засилување на црно-белите ова лето. Тој доаѓа во редовите на Партизан од Индијана пејсерс. Освен во НБА, поранешниот кошаркар на Орегон стејт настапуваше и во развојната лига, каде му беше соиграч на Карлик Џонс во филијалата на Чикаго булс“, се вели во соопштението на Партизан.

Се вчитува...