Грузиецот Торнике Шенгелија би можел да биде едно од најголемите имиња засилувања на Партизан ова лето.
Според информации од неколку извори, грузискиот крилен центар е на листата на желби на црно-белите, кои се сериозно заинтересирани да го доведат во Белград.
Ситуацијата на Шенгелија во Барселона сè уште не е целосно јасна, па Партизан сака да ја искористи евентуалната можност за негово заминување од каталонскиот клуб.
Искусниот 34-годишен кошаркар има договор со Барселона до 2027 година, но постои можност двете страни да постигнат договор за раскинување на соработката. Неговата клаузула за заминување наводно е околу еден милион евра, што им отвора врата на клубовите кои се подготвени да платат отштета.
💣🚨 Tornike Shengelia is on Partizan’s shortlist, per source! 👀
🇬🇪 The Georgian forward is under contract with Barcelona until 2027, but his future at the club remains uncertain. His buyout clause is reportedly around €1 million, although Barcelona and the player could… pic.twitter.com/kbJjaxWj3q
— 5th Quarter (@5th_Quarter_) July 18, 2026
Американскиот кошаркар Патрик Болдвин Џуниор, пак, е официјално ново засилување на Црвена Звезда!
Црвена Звезда заврши голем договор на пазарот и го ангажираше Патрик Болдвин Џуниор, поранешен НБА играч и 28-ми избор на драфтот во 2022 година.
Болдвин пристигнува во Белград со желба да ја оживее својата кариера и да покаже зошто некогаш се сметал за еден од најталентираните играчи на својата генерација.
Со само 23 години, тој веќе има искуство од играње во најсилната лига во светот, но и голема мотивација да се докаже во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
