Најмладиот капитен во историјата на кошаркарскиот клуб на Партизан, Вања Маринковиќ кариерата ќе ја продолжи во Валенсија. Младиот кошаркар годинава на НБА драфтот беше избран од страна на Сакраменто Кингс, но тој одлучи да се развива во дресот на Валенсија, клуб кој сезонава ќе настапува и во Евролигата.
Маринковиќ пред пет години во Купот на Србија на 16-годишна возраст го одигра првиот натпревар за Партизан, а следната сезона со 17 години и 9 месеци стана најмладиот капитен во историјата на клубот. Тој минатата година во Партизан беше прв стрелец во Еврокупот, а имаше запазена улога и во АБА лигата, Суперлигата на Србија и националниот куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА