Партизан го совлада Тиквеш со пресврт (ВИДЕО)

Екипата на Тиквеш денеска во Анталија е поразена од лидерот во српското првенство Партизан со 2-1. Сите три гола паднаа во првиот дел, а белградските „црно-бели“ стигнаа до победата со пресврт.

Тиквеш поведе со голот на Ивановски од пенал. Прецизно стрелаше фудбалерот на тимот од Кавадарци во горниот десен агол во голот на Партизан.

Меѓутоа само кратко траеше радоста на Тиквеш, затоа што Јојиќ успеа да израмни по една акција од десната страна, и доцнењето на голманот Давков.

Десетина минути подоцна Партизан и поведе. Овојпат акција по левата страна, а стрелец Рикардо кој остана осамен и од свртување го совлада Давков.

Во вториот дел Партизан целосно се пресели на половината на Тиквеш, еднаш ја погоди и пречката, еднаш и Димовски одлично одбрани за конечни 2-1.

Видео од головите:

 

Се вчитува...