Партизан го врати Бирчевиќ

Партизан значително ги засили своите редови откако го договори враќањето на Стефан Бирчевиќ во црно-белиот табор. Српскиот репрезентативец е дел од националниот тим за СП во Кина, а се враќа назад во Партизан откако минатата сезона ја мина во германскиот прволигаш Бон.

„Среќен сум што се враќам назад во Партизан и што повторно ќе играм пред најдобрите навивачи во светот“ – изјави Бирчевиќ по потписот на договорот со српскиот вицепрвак.

Тој ќе го заземе местото на Јанковиќ, кој потпиша нов договор со „црно-белите“, но веднаш ќе се пресели на едногодишна позајмица во АЕК.

Партизан претходно се засили со Немања Гордиќ, Рашон Томас, Вилијам Мозли, Јанис Пејнерс, Кори Волден и со Арстјом Параховски.

Се вчитува...