Партизан „грми“: Залудно имаме ВАР, на некои терени се игра фудбал додека еден тим не дојде до целта

Викендов бевме сведоци на неоправдано поништен гол во Бугарија на средбата Ботев – Лудогорец, и покрај тоа што во бугарското првенство постои ВАР технологија. Постои и во Србија, но и таму се чини е залудно.

Партизан се огласи со соопштение откако одигра 3-3 со Јавор на домашен терен, додека нивниот ривал Црвена Звезда со гол во 98 минута стигна до триумф во Ниш.

Партизан се жали дека не им е досуден чист пенал, а во спротивно на Јавор му е досуден непостоечки удар од 11. метри, со што испратија и видеа.

„Фудбалскиот клуб Партизан после денешните случувања на теренот, може само да постави прашање дали има смисла да се натпреваруваме во вакви услови и со вакво судење? Во неколку минути ситауција да се досуди против нас пенал, каде што судијата без никакви дилеми покажува на белата точка, додека во ситуацијата кога требаше да досуди пенал за нас, останува нем и тој, но и ВАР собата. Без реакција и без желба макар и да се провери што е очигледно на штета на Партизан. 

Затоа се прашуваме дали е нормално да се натпреваруваме во вакво натпреварување, со вакво судење, каде што немате рамноправна ситуација, додека на други терени се игра 97-98 минути и исклучуваат играчи додека еден клуб не дојде до целта“, се наведува во соопштението на Партизан. 

Се вчитува...