Партизан и Ц. Звезда без голови во 155-то дерби на „вечните“… (видео)

Партизан и Црвена Звезда одиграа без победник (0-0) во 155-то „вечно дерби“ во рамките на 7. коло од Суперлигата на Србија.

Во главно израмнет натпревар, се чини најреален резултат на стадионот „Рајко Митиќ“ пред околу 33.000 гледачи. Во првиот дел „црвено-белите“ имаа нешто повеќе од играта но не успеаја да постигнат погодок.

Во вториот дел повторно израмнето, за реално реми на крајот. Црвена Звезда на тој начин остана на врвот од табелата со 16 бода од шест натпревари, а Партизан сега има 13 бода од исто толку натпревари.

Се вчитува...