Партизан ја совлада Црвена звезда и со тоа ќе презими на врвот на српскиот шампионат (ВИДЕО)

Фудбалерите на Партизан славеа со 2-1 на домашен терен против Црвена звезда во 171. вечно дерби на српскиот фудбал и со тоа ќе презимат на првата позиција на првенствената табела.

Иако во првото полувреме гостите беа подобар противник, домашниот тим дојде до водство од 1-0 со голот од пенал на Натхо во 41. минута. Во 66. минута „црно-белите“ успеаја да ја удвојат предноста (2-0) откако прецизно стрелаше Салдања.

Надеж за гостинскиот тим донесе Ндиаје кој намали на 2-1 во 71. минута. „Црвено-белите“ постигнаа гол за 2-2 преку Мијатовиќ во 85. минута, но беше поништен поради офсајд.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...