Партизан ја „спакува“ Црвена Звезда и се пласира во финале на АБА

Сезонава Партизан е „пеницилин“ за Црвена Звезда. Уште една победа, овојпат во вториот меч од полуфиналето на АБА лигата, и пласман во финале за белградските „црно-бели“.

Вечерва на теренот на противникот, Партизан славеше 89-78, и сега во финалето го чека подобриот од дуелот Дубаи – Будуќност, а таму Дубаи има предност од 1-0.

Уште од првата четвртина Партизан беше решен да оди кон победа, и го доби првиот период со 28-16. На полувремето Партизан замина со позитива од 16 поени разлика. Во вториот дел Звезда се обиде да се врати, но без успех, односно во ниту еден момент не успеа да ја намали разликата на една цифра.

Фернандо и Осетковски беа најефикасни со 19, односно 17 поени, додека кај Звезда Боломбој постигна 12 поени, заедно со Нвора.

Се вчитува...