Партизан не дозволи сензационален камбек на Крка во Белград

Партизан ја отвори новата сезона во АБА лигата со домашен триумф над Крка од 84-78 во натпревар во кој белграѓани испуштија двоцифрена предност, но сепак успеаја да ја потврдат фаворитската улога.

„Црно-белите“ одлично го отворија натпреварот и веќе по првото полувреме имаа позитива од 42-28, но имаа голем пад во играта во третата четвртина која му припадна на словенечкиот тим со 19-31.

Крка се врати во игра, стигна и до изедначување (61-61) во последните 10. минути, но немаше сили за целосен камбек па бранителот на трофејот стигна до два бода.

Со 15 поени Маринковиќ беше лидер на Партизан, додека 29 поени за Крка постигна Бејли.

Се вчитува...