Партизан носи центар со две НБА-титули

Партизан ја заврши потрагата по нов центар откако постигна договор за ангажман на двократниот НБА-шампион, Џејмс Мекаду. Станува збор за играч кој стигна до шампионски прстени со Голден Стејт, по што настапуваше и во дресот на Филаделфија, за во 2019 година да пристигне во Европа и да потпише договор со Бешикташ.

Турските медиуми тврдат дека тој веќе ги известил челниците на Бешикташ дека си заминува од клубот, а тие не можат да го задржат со оглед на парите што му се должат, па раскинот на штета на клубот е неизбежен. Прв „пик“ на тренерот Тринкиери беше Џамал Меклин, но откако тој трансфер пропадна во последен момент, управата на „црно-белите“ се фокусираше кон Мекаду, со кого е постигнат договор до крајот на сезонава, со можност за продолжување на соработката за уште една година.

Мекаду, кој може да настапува и на позицијата крилен центар, сезонава во турското првенство имаше просек од 11 поени и 9 скока по натпревар.

Се вчитува...