Партизан долго време беше во потрага по центар кој ќе му прави друштво на Тајрик Џоунс во рекетот, а изборот падна на Бруно Фернандо, пренесуваат српските медиуми.
Станува збор за 27-годишник со НБА искуство кој во „црно-белите“ редови ќе пристигне од Реал Мадрид чиј член е од почетокот на 2025 година.
Фернандо кој во минатото настапуваше и за Атланта, Бостон и Торонто и нивните филијали во Џи-лигата не успеа да се наметне во „кралските“ редови па е расположен за промена на средината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

