Партизан објави полноќен трансфер од Париз

Партизан доцна синоќа објави нов трансфер, обелоденувајќи дека нов член на „црно-белите“ е Ламар Стивенс, крилниот кошаркар кој пристигнува од редовите на Париз.

Стивенс е играч кој ја немаше лидерската улога во францускиот клуб,  но главен квалитет му се цврстината и агресивната одбрана, што беше и препорака тренерот Пењароја да го бара во Партизан. Минатата сезона тој имаше просек од 9,3 поени и 3,3 скокови по натпревар, со 41,7% при ударите за тројка.

Тој има настапувано и во НБА-лигата како дел од Кливленд, Бостон и Мемфис, а најдобриот меч во најсилната лига на светот го одигра во април 2025 година, кога за Мемфис постигна 31 поен на дуелот со Далас маверикс.

Стивенс е второто засилување на Партизан за летово, по центарот Кевариус Хејс, а се очекува во следните денови да биде официјализирано и доаѓањето на Алесандро Пајола, Никола Танасковиќ и на Дерек Вилис, кои начелно се договорени со управата на „црно-белите“ уште пред извесно време.

Се вчитува...