Партизан остана без тренер по дебаклот од Шериф

Тренерот на Партизан, Гордан Петриќ си поднел неотповиклива оставка по дебаклот од Шериф Тираспол и елиминацијата во Конференциската лига на УЕФА, пренесува српски „Телеграф“.

Одлуката ја соопштил на челниците на клубот, но тимот официјално ќе го напушти за време на репрезентативната пауза во втората половина на март.

„Петриќ веќе ја поднесе оставката, со желба и веднаш да ја напушти тренерската функција. Но, во договор со раководните структури се става на располагање на тимот се додека клубот не пронајде нов тренер. Па заминувањето дефинитивно го одложил за втората половина на март до кога Партизан ќе има време да најде нов тренер“ – пишува „Телеграф“.

Се вчитува...