Партизан планира рокада: Дејвис си оди, доаѓа центар од Куба?

Партизан стигна до титулата во АБА-лигата, моментно го игра полуфиналето од српскиот плејоф, но управата на „црно-белите“ напорно работи на формирањето на ростерот за наредната натпреварувачка сезона.

Добиена е посакуваната тригодишна лиценца за учество во Евролигата, по што белградскиот клуб веќе ги почна преговорите со посакуваните засилувања од страна на тренерот Обрадовиќ. Информациите од Србија говорат дека Партизан ќе има значителни промени на центарските позици, Копривица сигурно заминува, а куферите ги спакува и Брендон Дејвис, искусниот центар кој има одлична понуда кариерата да ја продолжи во Јапонија.

Неофицијално, Партизан ќе даде зелено светло за заминувањето на Дејвис, а потоа ќе тргне во офанзива за потпис на кубанскиот репрезентативец Хасијел Риверо. Станува збор за 31-годишен кошаркар со богато евролигашко искуство кој минатата сезона ја мина во дресот на Макаби. Сериозен интерес за Риверо покажува и Олимпија Милано, но во таборот на Партизан се оптимисти дека ќе успеат да излезат како победници од оваа трка за да ја исполнат желбата на тренерот Обрадовиќ, пред да се фокусираат на засилувањата за останатите позиции во тимот.

Се вчитува...