Дубаи и Партизан ќе ги одмерат силите во големото финале на АБА-лигата, а белградските „црно-бели“ направија потег за респект, прифаќќајќи гостинските натпревари да ги играат во далечната дестинација.
АБА се соочи со драма во полуфиналетo откако Будуќност одби да патува во Дубаи, наведувајќи го стравот поради безбедност од воениот конфликт во Иран за причина. Дубаи тие средби како домаќин ги играше во БиХ и успеа да се пласира во големото финале, а Партизан денеска потврди дека нема да прави проблеми како црногорскиот тим, туку прифаќа да игра во Дубаи.
„КК Партизан ќе тргне во финалните битки за одбрана на титулата во АБА од Дубаи, откако ги прифативме безбедносните гаранции од Обединетите Арапски Емирати. Радува што финалето ќе може да се игра на начин ниту еден од тимовите да не биде во подредена положа поради некошаркарски случувања. Како најтрофеен клуб во регионот, Партизан никогаш не бирал каде ќе излезе на мегдан, туку секогаш и секаде се борел за чест и за победа. Така ќе биде и овојпат“, се вели во соопштението на КК Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
