Партизан продолжува да биде „кошмар“ за Црвена Звезда оваа сезона

Го добија првиот дерби натпревар кошаркарите на Партизан во полуфиналето на АБА лигата против најголемиот ривал Црвена Звезда. На крајот „црно-белите“ славеа триумф, и со тоа му го нанесоа дури четвртиот пораз во петтиот меч оваа сезона на тимот на „црвено-белите“. После победите во Евролигата, и две во АБА лигата, сега ги совладаа и во првиот полуфинален меч во серијата.

Уште од првиот период Партизан наметна ритам, и замина со +6 по првата четвртина, но и на полувремето. Клучната разлика „црно-белите“ ја направија во третиот период, кој го добија со 26-13. Се обиде Црвена Звезда се врати во последниот период, стигна и до негатива од еден поен, но потоа следуваа серија грешки, и Партизан со серија од 5-0 ја „заклучи“ победата.

Кошаркарот на Црвена Звезда, Нвора беше најефикасен со 31 поен. Вашингтон кај Партизан со 22 беше најдобар кај победничкиот тим.

Вториот меч се игра на 21. мај, а домаќин ќе биде Црвена Звезда.

 

Се вчитува...