Партизан се пофали со уште едно засилување

Предолго време Партизан беше тивок на кошаркарскиот пазар, но „црно-белите“ во последните денови и официјално потпишаа неколку нови кошаркари.

Откако вчера беше официјализан трансферот на Вилдоза, денеска нов потпис кај вицешампионот на АБА-лигата, и тоа Американецот Дерек Вилис. Станува збор за крилен центар кој доаѓа од редовите на Париз, а кој претходно настапуваше и за Анадолу Ефес, Венеција, Хувентуд…

Мниатата сезона тој настапи на 28 средби во Евролигата за францускиот клуб, стигнувајќи до просек од 5,8 поени и 3,9 скокови по натпревар.

Се вчитува...