Партизан со неверојатен пресврт до победа во Минхен – Три од три на стартот од Евролигата (ВИДЕО)

Партизан го победи Баерн Минхен со 84-86 во 3. коло од Евролигата, за феноменален старт во најквалитетното европско клупско натпреварување со три победи од исто толку меча, од кои два на гостински терен.

Уште еднаш, во салата во Минхен имаше многу навивачи на Партизан, а поддршката за нивните миленици не изостана ниту за момент, а свирежи имаше за поранешниот црно-бел кошаркар Двајн Вашингтон кој сега игра за Баерн Минхен.

Партизан во последниот период од играта влезе со негатива од 8 поени, а имаше негатива и од 12 поени на стартот од четвртината, за да потоа следи феноменален пресврт и на крај заслужена победа.

Екипата на Жоан Пењароја го победи Баерн благодарение на 17 поени од фантастичниот Тони Џекири, 16 од Карлик Џонс со 5 асистенции, осум поени од Вајлдос и седум поени од Кевариус Хејс.

На другата страна, поранешниот црно-бел ас Двeјн Вашингтон имаше 20 поени, а Јоханес Тиеман – 17 поени, дополнети со пет скока.

Во останатите мечеви Панатинаикос славеше против Макаби Тел Авив убедливо со 90-67, Барселона на гостински терен славеше против Бешикташ со 82-95 а Фенербахче го победи Дубаи со 76-66.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...