Партизан со нова победа над Будуќност ја врати титулата во АБА

Кошаркарите на Партизан ја освоија титулата во АБА лигата откако во финалната серија со 3-1 славеа против црногорскиот Будуќност.

Вечерва во натпреварот број четири кој се играше во Белград, домаќините без поголеми проблеми славеа со 90-75. Дејвис и Браун со по 18 поени беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 23 поени на Ферел.

Oва за „црно-белите“ е осма титула во регионалното натпреварување и со тоа повторно му побегнаа на вечниот ривал, Црвена звезда која сега е осамена на второто место со седум освоени јадрански трофеи.

Се вчитува...