Партизан со празни раце: Судиите суспендирани, титулата за Црвена Звезда

Црвена Звезда денеска и официјално беше крунисана во старо-нов шампион на Србија, откако беше одбиена жалбата на Партизан, за преигрување на четвтиот натпревар од финалната серија. Во одговорот на жалбата се наведува дека „црно-белите“ имаат право во наведените аргументи, бидејќи Били Берон навистина направи чекори при постигнувањето на победничките поени.

Сепак, како што се наведува во соопштението, според правилата на ФИБА судиски превид не може да значи и причина за поништување на натпреварот. Следствено – средбата се регистрира со актуелниот резултат, а Црвена Звезда се крунисува во шампион на Србија.

За големиот пропуст тројцата судии се казнети со по три меча суспензија, што со оглед на нанесената штета врз „црно-белите“ сепак делува како преблага санкција.

Се вчитува...