Фудбалерите на Партизан се пласираа во плеј-оф рундата од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА откако го победија Тобол со 1-2 и на реваншот во Казахстан.
Црно-белите одиграа многу подобро второ полувреме, направија пресврт и, врз основа на сè што покажаа по паузата, целосно ја заслужија победата. Тобол поведе со голот на Дмитри Чеснаков уште во 7. минута, Стефан Митровиќ израмни во 47. минута, додека Џака Траоре му донесе победа на Партизан во втората минута од судиското продолжение.
Избраниците на Саша Илиќ, по победата од 3-0 на првиот меч во Белград, го елиминираа казахстанскиот претставник со вкупен резултат од 5-1.
Сега во плеј-оф рундата за место во групите од Конференциската лига на УЕФА, Партизан ќе се соочи со шпански Гетафе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
