Пасквал поднесе оставка од Барселона

Кошаркарскиот клуб Барселона објави дека тренерот Чави Пасквал ќе го напушти тимот на крајот од тековната сезона. Откако го презеде тимот од Жоан Пењароха на крајот од минатата година, Пасквал успеа да го стабилизира, но не и да го однесе подалеку од плејофот каде што беа елиминирани од Монако.

Пред неколку недели почнаа приказни за интересот на Дубаи, па дури и за усмен договор меѓу него и клубот од Обединетите Арапски Емирати, но Барселона заедно со шпанскиот стручњак ги отфрлија тие информации, се до денеска. 

Чави Пасквал ја искористи својата клаузула и го раскинува договорот со Барса, објави каталонскиот тим. Дури и фактот дека Жоан Лапорта се сретна со него за да го убеди да остане не помогна.

„Барселона објавува дека Чави Пасквал го информирал клубот дека на крајот од сезоната ќе ја активира клаузулата што го обврзуваше со клубот до 2028 година. На овој начин, тренерот го завршува својот втор мандат во Барса, кој започна во ноември 2025 година, кога тимот беше во комплицирана спортска ситуација. Барселона му се заблагодарува за неговата работа во текот на овие месеци и му посакува се најдобро во иднина. Сите страни сега се фокусирани на истата цел – освојување на титулата во АЦБ лигата“, се наведува во соопштението. 

Се вчитува...