Пато ги учи Кинезите како НЕ се изведува пенал (видео)

Алехандре Пато требаше да биде предводник на нападот на Тианџин по трансферот од Вилјареал, но Бразилецот очигледно има проблем со адаптациајта во новата средина. Доказ за тоа е и вчерашното гостување против Шангај Шенхуа, на кое екс-фудбалерот на Милан имаше можност да биде херој на својот тим.

Наместо тоа, Пато се преетвори во трагичар откако не го реализираше пеналот што беше досуден за неговиот тим, па Тианџин не дојде до цел плен на ова тешко гостување.

Кога веќе не е во форма да покажува како се даваат голови, Бразилецот барем ги учи Кинезите како не треба да се шутираат пенали.

[youtube id=”STAWND29bKg” width=”640″ height=”380″]

Се вчитува...