ПАТОТ ДО ЕП 2017: Сите голови на Македонија низ квалификациите… (ВИДЕО)

Младата репрезентација на Македонија мина бурен период низ квалификациите за ЕП 2017, сепак на крајот стигнувајќи до најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал.

Почнаа младите избраници на Благоја Милевски од „трњето“ со поразот од Исланд од 3-0, за да завршат до слават и последната победа од 2-0 против Шкотска која значеше и место меѓу најдобрите на Стариот континент во Полска.

Шест победи, три ремија и само еден пораз е резултатскиот епилог на Македонија во квалификацискиот циклус, со гол разлика од 13-7, и на крајот прво место во групата со Франција, Украина, Исланд, Шкотска и Северна Ирска.

Уште еднаш во еден здив погледнете ги сите погодоци на македонските херои на патот до Европското првенство…

Сето тоа заокружено со последниот натпревар на „Телеком арената“ и победата од 2-0 против Шкотска…

СИТЕ НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2017

11. јуни 2015: Исланд – МАКЕДОНИЈА 3-0

05. септември 2015: МАКЕДОНИЈА – Украина 1-0

Радески 90’+3

13. октомври 2015: С. Ирска – МАКЕДОНИЈА 1-2

Доерти 43′ – Барди 46′, Маркоски 85′

15. ноември 2015: МАКЕДОНИЈА – Франција 2-2

Ангелов 19′, Радески 40′ – Халер 65′, Коуду 72′

24. март 2016: МАКЕДОНИЈА – Исланд 0-0

28. март 2016: Франција – МАКЕДОНИЈА 1-1

Бејтулаи (аг) 27′ – Ангелов 15′

27. мај 2016: Украина – МАКЕДОНИЈА 0-2

Радески 17′, Демири 56′

02. септември 2016: Шкотска – МАКЕДОНИЈА 0-1

Маркоски 18′

06. септември 2016: МАКЕДОНИЈА – С. Ирска 2-0

Доерти (аг) 37′, Маркоски 85′

11. октомври 2016: МАКЕДОНИЈА – Шкотска 2-0

Маркоски 18′, Барди 22′

СИТЕ СТРЕЛЦИ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ: Маркоски 4 гола, Радески 3, Барди 2, Ангелов 2, Демири 1 гол.

КОМПЛЕТНИТЕ КВАЛИФИКАЦИСКИ ГРУПИ ЗА ЕП 2017

сите квалификациски групи

Се вчитува...