Патот до „перфекција“ за Кожув започнува со Црн Дрим

Прволигашката програма овој викенд ќе биде комплетирана со натпреварот помеѓу Кожув и Црн Дрим од 18 часот, дуел во кој „црвено-белите“ немаат простор за грешка.

Избраниците на Николов по 19 одиграни натпревари имаат скор од осум победи и 11 порази, со што сеуште имаат шанси за пласман во разигрувањето за титула, но составот од Гевгелија до крајот мора да одигра перфектно. Кожув го делат две победи од изедначување на учинок со Академија ФМП, Гостивар и Куманово, со тоа што „пантерите“ имаат и два одиграни натпревари повеќе, додека кумановци заостануваат четири средби од „црвено-белите“.

Проблем за Кожув ќе биде заминувањето на најдобриот играч, Никола Силаџи во редовите на Пелистер, а тоа ќе се обиде да го искористи денешниот противник кој бара излез од серијата на 16 порази едно по друго пред плеј-аутот. На првиот натпревар оваа сезона, гевгеличани забележаа убедлив триумф во Струга, па „црвено-белите“ повторно ја имаат фаворитската улога.

Се вчитува...